Желбата за „мир во светот“ за новата американска мисица нема да биде само „затоа што тоа го посакуваат мисиците“, бидејќи што новата Мис Америка по професија е професионален војник. Таа моментално работи како ИТ експерт во американската влада и им помага на воените ветерани во борбата против PTSP.
Дешауна Барбер ја понесе круната на најубава девојка во САД и веднаш ја заинтригира целата планета. Убавата 26 – годишна девојка пораснала во војничко семејство, а нејзините родители се запознале на една од мировните мисии.
Дешауна се приклучила во војската на 17 години, а нејзиниот пример го следеле и помладите брат и сестра. Новата мисица има диплома од бизнис менаџмент и е командант во Мериленд.
Таа е прва победничка од војската во историјата на американскиот избор за Мис, а на конференцијата за новинари пред самото финале нагласила дека веќе разговарала со надредените за можност од пауза ако ја освои титулата.
„Ќе ја искористам мојата титула за поддршка на американските воени ветерани“, рекла мисицата, а на прашањето што би им порачала на претседателските кандидати, вклучувајќи го и некогашниот сопственик на лиценцата за изборот Доналд Трамп, Дешауна одговорила дека кандидатите се занимаваат со теми кои и не се од преголема важност, и дека би требало повеќе да се фокусираат токму на проблемите на ветераните, особено на недостатоците во институциите за лекување.