Омилената раскошна манекенка Кејт Аптон во ултра-секси издание!

popara11 јуни, 20161min00
13
Познатата русокоса убавица Кејт Аптон наполнила 24 години, а таа и нејзиното момче заедно го прославиле нејзиниот роденден.

 


Една од најомилените манекенки во Америка, Кејт Аптон, престана со провокативно медиумско експонирање откако започна врска со спортистот Џастин Верладер. Сепак, за прославата на нејзиниот 24-ти роденден одлучила да облече многу провокативен фустан кој во прв план ја ставил нејзината позадина.
 

Кејт изгледала многу задоволно и среќно, но јавноста остана запрепастена од промената на нејзиниот изглед. Имено, убавата русокоса го изгубила она по кое беше најпозната во јавноста – нејзините раскошни облини.

Кејт се прослави со бујните атрибути кои беа нејзиниот заштитен знак. Сите ја обожуваа поради тоа што гордо ги носеше своите „вишок“ килограми. Меѓутоа, „најсочната“ американска манекенка сега ги заменила свите облини со слабо манекенско тело.


„Сакам нешто да променам. Напорно вежбам и држам диета. Мислам дека ќе се чувствувам подобро ако симнам некој килограм“, изјави Кејт пред неколку месеци.

Но, во нејзиниот случај тоа не се само неколку килограми. Славната убавица ослабела повеќе од 10 килограми и сега изгледа сосема непрепознатливо.

А, вака изгледаше некогаш… Како повеќе ви се допаѓа?