
Во време кога светските дизајнери ги објавуваат своите ресорт колекции, има една која се чини го одзема здивот.

Омилениот на девојките, секогаш романтичниот Ели Сааб создаде фантастична ресорт колекција за 2017 – та година во која се вљубивме на прв поглед.

Овој пат, дизајнерот инспирација побара во Јапонија, чии чисти, геометриски силни линии се провлекуваат низ речиси сите парчиња.

Дел од неговата колекција се совршени плисирани фустани, куси и долги панталони, но и кошули со шик карнери, здолништа од тантела комбинирани со нежни маички и секако, неодоливи палта во кои сакаме да останеме засекогаш!

Што се однесува до палетата на бои, тој започна од нежната бела, преку виолетова, нежна сина, силна портокалова, темно црвена и секако, неизбежната црна.


![]()
![]()



















