Црвениот фустан на Бела Хадид – најпровокативната тоалета на црвениот тепих!

popara11 јуни, 20161min00
16
Провокативната црвена тоалета во која младата манекенка Бела Хадид се појави пред фотографите, веројатно беше главната тема на Филмскиот фестивал во Кан.

Тоалетата која повеќе открива отколку што сокрива, била голем ризик за црвениот тепих, но славната убавица верува дека тој ризик се исплател.


„Јас обично на црвениот тепих изгледам едноставно. Претежно носам црна боја. Затоа, оваа тоалета беше голем ризик. Бев уплашена, но сега сум среќна затоа што добив позитивни реакции“, вели младата манекенка.

Црвениот тепих во Кан често во текот на годините им носеше проблеми на ѕвездите кои се појавувале во провокативни тоалети. Се случувало поради ветрот, скалите или некој друг фактор, да покажат и повеќе отколку што планирале.


Затоа, сите коментираа дека е вистинско чудо што Бела Хадид не доживеа катастрофа, особено затоа што изгледаше дека под фустанот не носи ама баш ништо. Сепак, таа тврди дека тоа не е вистина и дека изгледала совршено благодарение на стегач.

„Немаше проблем, сè беше на свое место. Ако дуваше ветер, тогаш би била во неволја, но за среќа не се случи тоа“, изјави 18 – годишната манекенка.