
Фустанот кој го облекла славната холивудска актерка е уште еден доказ дека парите не можат да купат стил.
48 – годишната актерка Никол Кидман на премиерата на филмот „Genius” во Њујорк се појавила облечена во провокативен црн фустан.


Рака на срце, Никол изгледа одлично во 48-та година од животот, но затоа фустанот кој го облекла изгледа како да е составен од неколку чипкани завеси.

Иако, сигурни сме дека станува збор за скапоцена „завеса“, сепак очигледно е дека парите не можат да купат добар моден стил.


