Задолжително посетете гинеколог: Ваква менструација треба да ве загрижи!

popara11 јуни, 20161min00
Beautiful young woman in bed, with hot water bag on her tummy
Ако тампонот или влошката треба да ги менувате на секој час или вашата менструација трае подолго од седум дена, веднаш посетете гинеколог!

Некои студии покажале дека дури 80 отсто од жените нема да побараат помош поради премногу обилните менструации. Ако за време на крварењето, тампонот или влошката морате да ги менувате на секој час или ако вашата менструација трае подолго од седум дена, веднаш посетете гинеколог!

Причината за тоа би можело да биде некое нарушување на крварењето. Истражувањата покажуваат дека до 25 отсто од жените со силни менструации имаат такво нарушување, а дека за тоа воопшто не се ни свесни.

Контрацептивните пилули можат да помогнат при регулација на крварењето, како и кога причината за силни крварења е некое хормонско нарушување. Силните крварења може да бидат предизвикани и од страна на миоми и полипи, а тоа мора да го контролира лекар. Проблемот при силните крварења е и појавата на анемија.

Еден од најважните начини за ублажување на силните и болните менструации е начинот на исхрана. Морате да го исфрлите црвеното месо, пилешкото, жолчките од јајцата, да го намалите внесот на млечни производи, сите преработени производи, односно се` што има големи количини на сол и шеќер. Исхраната во овој случај би требало да се заснова на овошје и зеленчук и варена храна.