
Најпознатата модна блогерка од регионот Зорана Јовановиќ е во посета на Милано од каде редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.

Таа од италијанската престолнина на модата објави фотографија на која ја носи една од најпопуларните комбинации за оваа сезона. Имено, станува збор за комбинација која се базира на фустан и патики и која е вистински хит оваа сезона , а која Зорана ја носеше сосема оригинално и во нејзин стил.

Преубав краток фустан со долги ракави и со интересен етно дезен, пуштена коса и наместо балетанки, чизми или сандали кои би биле вообичаен избор на многу девојки, Зораннах се одлучи за шик црвени патики.
Еве уште неколку нејзини комбинации:
















