
Оваа девојка дефинитивно како и нејзината сестра знае како најлесно и најбрзо да го привлече вниманието на медиумите.

Познатата реалити ѕвезда Кајли Џенер не престанува да ги следи стапките на нејзината 16 години постара полусестра Ким Кардашијан. Па, како што и Ким отсекогаш знаела како да манипулира со медиумите во своја корист и од себе да направи неприкосновена медиумска ѕвезда, истата тактика ја користи и спроведува и помалата Џенерка. Покрај постојаното менување на изгледот на нејзиното лице, XXL усно и модификација на носот, Кајли, впрочем како и нејзината сестра, секогаш сноси провокативна облека во јавноста со која сака да го привлече вниманието како на папараците, така и на јавноста ширум светот.

И богами, таа го прави тоа сосема добро. Џенерката на овие фотографии носи изразито секси комбинезон во подра нијанса кој буквално го оцртува секој дел од нејзиното тело. Акцентот е на деколтето кое не ги покажува само градите туку и дел од стомакот, а целата комбинација е зачинета со елегантни салонки и впечатлива „вамп“ шминка.

Инаку, оваа девојка има само 19 години…