
Поранешниот мис на Данска и познат модел Хелена Кристенсен и во 47 година изгледа подеднакво добро како во деновите кога владееше со модните писти.

„Жените кога не би ги прашувале постојано за стареење, можеби и не би размислувале толку на таа тема. Не сакам ниту една жена да се чувствува ограничена поради своите години“ изјави прекрасната Данкиња која во 90-тите беше еден од најбараните модели на светот и заедно со моделите Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд, Наоми Кемпбал, Ел Макферсон и Клаудија Шифер беше дел од Величенствената седумка како што пред дваесетина години ги нарекуваа во Њујорк Тајмс.
Хелена не крие дека отсекогаш била дисциплинирана кога станува збор за нејзиниот изглед и тело, но и дека благодетите на вежбањето ги открила дури во 30-тите години од својот живот. Таа и денес изгледа подеднакво добро како и кога владееше со модните писти, а бидејќи станува збор за природна убавина, без никакви естетски интервенции, многу жени сакаат да ја дознаат нејзината тајна и правилата до кои се придржува.

Хелена во младоста …
„Зошто воопшто треба да постојат правила. Сé се состои во тоа да живееш здраво и да му останеш верен на својот стил. Можеш да бидеш 20 годишна девојка вон секоја форма и да изгледаш поприлично откачено во мини фустан, а можеш и да бидеш супер секси 60 годишна жена и да изгледаш сјајно во истиот фустан. Секој може да носи што и да посака“ изјави данската убавица чија икона на убавината е нејзината 98 годишна баба Кети која никогаш не користела ниту еден пософистицирани козметички производи од обичната Нивеа и Вазелин. Но, некогашниот мис на Данска иако не ги крие годините, таа исто така не ја исклучува и можноста да се одлучи на естетска интервенција во иднината. „Ако се погледнам во огледало на 65 години и заклучам дека изгледам тажно и изморено, кој знае, можеби и да се одлучам за промена, но само ако се може со притискање на копче да се избришат пет години“ изјави таа.
