Газираните сокови се најоцрнетото нешто на пазарот подолго време, но луѓето се уште ги пијат во големи количини. Можеби е потребно нешто што конечно ќе успее да им го „дотера“ умот. Во ова три-минутно видео со илустрации, буквално ви цртаат што се случува со вашето тело по конзумирање на газирани пијалоци и тоа е застрашувачко.
Еве неколку нешта кои мора да ги знаете пред да купите ново шише со газиран пијалaк:
- Глеѓта на забите започнува да скапува само по една голтка. Високата содржина на киселина во пијалокот почнува да го намалува емајлот на забите, a шеќерот помага за побрзa појава на кариес.
- По една лименка газиран пијалок, вашиот мозок почнува да „моли“ за повеќе. Со една лименка внесувате 46 грама шеќер, што ги предизвикува рецепторите на вашиот јазик да испратат порака до мозокот за повеќе.
- Една чаша сок секој ден води до околу 5432 екстра калории неделно. Истражувачите од Јеил исто така откриле дека калориите на газираните сокови не се одредуваат баш најтачно и веродостојно.
- Една петтина од лицата кај кои се јавило зголемувањето на телесната тежина во САД во периодот од 1997-2007 г. се должи на безалкохолни пијалаци. Видеото вели дека истражувања покажуваат дека намалувањето на износот на шеќер во пијалаци може да се спречи 1 милион случаи на дебелината само во Обединетото Кралство.
- Газираните пијалаци може да ве наведат на прејадување. Со тоа се зголемува и ризикот од кардио васкуларни заболувања. Соковите не ги стимулираат хормоните инсулин и лептин во нашето тело, кои испраќаат сигнали дека сте целосно најадени.
- Ќе стареете побрзо со пиење на две лименки газиран сок на ден. На крајот на нашите хромозоми, постојат заштитни капачиња наречени теломери кои го кратат времето и ни предизвикуваат стареење. Ако пиете две лименки на ден, вашите теломери го намалуваат животниот век со речиси иста стапка како кај пушач.