Рен, мед и лимон за топење на мастите

popara18 јуни, 20161min00
11

Здрава и помалку пикантна, смесата приготвена од рен, мед и лимон го забрзува метаболизмот, поттикнувајќи го ослободувањето од мастите и вишокот на вода од организмот. Ако ја користите во комбинација со умерена и здрава исхрана, и се движите доволно ќе ви помогне да ги „стопите“ вишокот центиметри од критичните подрачја. 

Во исхраната најчесто се употребува коренот од ренот, но и неговите млади листови кои се помалку пикантни се многу вкусни. Поради својот состав (витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор…) ренот спаѓа во гурманските, но и лековитите состојки. Тој е неизоставен додаток на разни специјалитети, особено со мрсната храна, затоа што помага при полесно варење во организмот. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го намалува уморот и затоа најмногу се препорачува на дијабетичарите. Тој го поттикнува размножувањето и развојот на корисните бактерии во цревната флора.

Свежиот корен може да се користи преку цела година ако навремено се закопа во влажен песок или се држи во подрумот. Ако имате поголем корен, можете да ја изрендате потребната количина, а остатокот да го замотате во алуминиумска фолија и да го чувате во фрижидер затворен во кутија.

Во добро затворена тегла во фрижидер, ренот може да стои до 3 недели. Ако сакате изренданиот рен да остане свеж дури и по три недели, помешајте го со една лажица шеќер и 4 лажици сок од лимон или оцет.

Потребни состојки 

  • 125 г. рен
  • 3 непрскани лимони
  • 3 лажици мед

Начинот на подготовка

Измиксајте во блендер или исечкајте рачно 125 грама рен. Измијте 3 лимони, расечете ги на средина и извадете ги семките, па заедно со кората измиксајте ги и помешајте ги со ренот. Во смесата додадете три лажици мед и добро измешајте. Чувајте ја смесата во фрижидер во затворена тегла. Конзумирајте по една мала лажица два пати дневно, со оброците. Секако потребно е да внимавате на исхраната, да јадете лесна храна и мали и чести оброци. Оваа смеса може да ви помогне во битката со килограмите, но никако не може да направи чуда ако и вие не се потрудите малку. Земајте редовно од смесата 3 недели по ред, бидете активни, јадете здраво и гледајте како вашиот обем се топи!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag