Ако сакате да бидете во топ форма, подобро спречете отколку да лечите. Наместо да се ставите на диета, решете го проблемот уште пред да настане, така што ќе имате поголема контрола врз порциите.
Следат неколку трикови како да го направите тоа.
Огледало во трпезаријата
Луѓето кои јадат покрај огледало, јадат помалку, покажуваа истражувањата. Освен тоа од некоја причина повеќе уживаат во зеленчукот. Интересно е да се забележи дека изборот на храна ни е поздрав кога во огледало го гледаме својот одраз.
Чиста кујна
Само 10 минути поминати во кујна каде што владее безредие се доволни за да посегнете по нездрава храна како чипс или нешто друго за грицкање. Волонтерите кои учествувале во ова истражување изеле 100 калории повеќе и тоа се во форма на брза храна.
Не плаќајте со картичка
Кога ќе паднете во искушение да посегнете по нездрава храна платете со пари наместо со картичка. Докажано е дека многу потешко одвојуваме пари за нездрава храна кога плаќаме со банкноти.
Што филм гледате?
Кога ќе се „паркирате“ пред телевизорот со желба да гледате некој добар филм размислите за изборот на она што го гледате. Истражувањата покажуваат дека акционите и романтичните филмови нè поттикнуваат да јадеме повеќе високо калорични грицки.
И приборот за јадење има влијание
Колку е поелегантен приборот за јадење толку помалку јадеме. Истиот ефект се постигнува и со стапчињата за јадење.
Контраст на чинијата
Тестенините со екстра калоричен сос воопшто нема да се истакнат ако ги ставите во бела чинија, па најверојатно ќе изедете повеќе од што треба. Студиите покажуваат дека луѓето јадат помалку кога има контраст на чинијата. Една од нив сугерира дека чинијата со сини рабови ги прави порциите визуелно поголеми.