
Безбедносните камери во градот Финикс во Аризона снимиле брутална пресметка на еден пар.
Имено, на мажот кој возел велосипед налетала неговата девојка со „форд мустанг“ и го покосила.
Во автомобилот била Мисти Ли Вилк, која тврди дека непосредно пред тој немил настан, дечкото и соопштил дека е заразен од ХИВ. Дури и се смеел во лице додека и ја соопштувал шокантната вест.
Мажот здобил сериозни повреди. Против Вилк ќе биде покренато обвинение за обид за убиство.
https://www.youtube.com/watch?v=jJ0m8N4_Log