
Белгиската манекенка Фани Негуеша по подолго време повторно се појавила во јавноста и успеала да привлече внимание со своите облини.
Убавицата позната по врската со фудбалерот Марио Балотели, била фотографирана на плажа во Мајами во друштво на една пријателка, пишува Daily Mail.

Пред две години, Фани била во центарот на вниманието поради романсата со проблематичниот италијански фудбалер.

Тој тогаш ја запросил, а таа го следела на Светското првенство во Бразил. Тогаш била прогласена за најубава партнерка на фудбалер, иако со фудбалерот никогаш не застанала пред олтар.






Денес, за разлика од времето кога Фани беше во врска со Балотели, можеби има неколку килограми повеќе, но сеуште е секс бомба!




