Компанијата Леново на World Tech конференцијата во Сан Франциско го претстави новиот флексибилен, супереластичен смартфон и таблет, кои можете дури да ги преклопите.
Смартфонот е флексибилен и се прицрврстува околу зглобот на корисникот. Тоа го овозможуваат еластичниот екран, како и флексибилните хардверски компоненти, како што се: матичната плоча и батеријата.
Покрај смартфонот, тука е и новиот таблет, кој може да се преклопи на половина и да се користи како телефон.
Флексибилниот смартфон е наречен C-Plus, а таблетот Follo. Датумот за почетокот на продажбата на овие нови уреди на Леново, сеуште не е објавен.
https://www.youtube.com/watch?v=jlIv7FZw73Q