Џастис Стампер моментално ја планира својата венчавка која треба да се одржи на први септември оваа година во Вирџинија. Во својот бидермаер сака да им сончогледи, на масите сака плаво-жолти украси, а таа ќе носи долга бела венчаница во која ќе се заколне на вечна љубов со својот долгогодишен партнер Џереми. Постои само еден проблем… таа е веќе венчана за него!
На социјалните мрежи се шири приказната која звучи како да излегла директно од некој романтичен филм со Џастис и Џереми Стампер во главните улоги.
Џереми Стампер ја запознал жената на неговиот живот уште додека била девојче и тоа на часот по веронаука, а почнале да се забавуваат неколку години подоцна. Се вериле кога Џастис имала 17 години, а се венчале кога станала полнолетна.
Три недели откако го кажала судбоносното ДА, Џастис доживеала тешка несреќна која и предизвикала делумна амнезија. Иако со часови гледала во фотографиите од свадбата, таа не се сеќавала на ништо, а и изгубила и сеќавање и за месеците пред венчавката.
Токму затоа нејзиниот сопруг решил да организира уште една венчавка и тоа на годишнината од бракот.
Џереми рекол: „Нашата прва свадба беше прекрасна и совршена, а овој пат сакам Џастис да биде одушевена и да биде пресреќна.“