
Кога гледаме што се` може да се случи во некои краеви на светот, ни станува јасно дека најопасните „ѕверови“ кои нам можат да ни влезат во куќа се комарци и муви.
Имено, жителите на Квинсленд во Австралија ја немаат таа среќа, па како неповикани гости понекогаш им доаѓаат и многу поголеми и поопасни суштества.
Една таква блиска средба имала Трини Хиберд на која змија и се вовлекла во куќата. Змијата била долга дури 5 метра и тешка повеќе од 30 килограми!
Трини случајно се прободула среде ноќ и го затекнала огромниот питон кој низ прозор се вовлекол во куќата. Веднаш повикала ловци на змии, кои ја фатиле змијата.
https://www.youtube.com/watch?v=dv6s6gOmnQE