Бијонсе ужива на тропските плажи со своето семејство!

popara24 јуни, 20161min00
01

Иако во последно време на социјалните мрежи се озборуваше дека Бијонсе и Џеј-Зи имаат проблеми во бракот, овие прекрасни слики од славниот пар како ужива на Хаваи го докажуваат спротивното.

По успешната светска турнеја, Бијонсе реши да оди на заслужен одмор со својот сопруг и ќеркичката Блу Ајви. Таа повторно ги покажа своите облини и летни комбинации кои сите би сакале да ги носиме. Бијонсе изгледа прекрасно во шарениот тропски костим за капење, жолтата наметка и модните додатоци со лимони, кои асоцираат на нејзиниот нов албум Lemonade.

Јавноста долго време се сомневаше дека Џеј-Зи ја изневерува својата сопруга и постојано се претпоставуваше која е неговата нова љубовница. Но, Бијонсе уште еднаш ја докажа верноста и искреноста на нивната љубов, споделувајќи ги овие фотографии од семејниот одмор на прекрасните плажи.