Откако се породи Ким Кардашијан (35) упорно се обидува да ја врати посакуваната тежина и сега конечно е многу блиску до целта.
Ким Кардашијан пред само неколку дена на Снепчет се пофали со нејзината тесна половина од само 66 сантиметри, цифра со која таа самата ја спомна на оваа социјална мрежа и од која очигледно е презадоволна.
Таа веднаш следниот ден се појави во тесен фустан со кој го истакна секој сантиметар од нејзиното тело и во кој изгледа фантастично.
Инаку таа неодамна откри дека изгледа толку свежо поради специфичен дневен режим на кожата кој чини фрапантни 1230 долари! И тоа овие пари ги троши само за нега на кожата, а тука не се пресметани трошокот за теретана, за тренерот, па дневното мени, советите на стилистите, нутриционистите, козметичарите…
Замислете само колку сето тоа би можело да чини на дневно ниво?