
Девојките на кои сите им се воодушевуваме и ги посакуваме поминуваат низ вистински пекол за да дојдат на позицијата од која ние сега секојдневно ги гледаме…

Иако повеќето модели сонуваат за ангажман на ревија на Victoria’s Secret, креативната директорка на овие ревии Софија Неофиту – Апостолу, за магазинот Vogue открива низ каков ужасен кастинг мора да поминат овие модели. А згора на сé, иако со својата убавина ги излудуваат мажите, за нивната судбина решаваат жени!
Имено, како личност која што го надгледува целиот кастинг процес, Софија открива како многу пати сочувствувала со моделите, затоа што се изложени на голем стрес од кој навистина попуштаат нервите.

„Се случува и неверојатно убави жени да не поминат на кастингот. Тоа е навистина како да сте олимпиец и да морате да бидете во топ форма. Не е работата во слабоста, станува збор за комплетниот впечаток, спремноста на перформанс и капацитетот да блеснете на сцената“, објаснува Софија.
Токму од тие причини и славните и веќе етаблирани модели кои имаат потпишано повеќегодишни договори, мора да поминат низ секој кастинг, а иако потесниот избор го прави режисерот на ревијата, конечната одлука ја носи целиот тим!

Алесандра Амброзио, Кендис Свејнпул, Адријана Лима – едни од ’жртвите‘…