Убавата актерка никогаш не изгледала полошо, разводот ја уништи!

popara1 јули, 20161min00
11
Сите се шокирале од неверојатната трансформација на убавата актерка која ги освои машките срца…

После скандалот околу разводот со Џони Деп, холивудската актерка Амбер Херд го шокираше светот со новите фотки на кои изгледа како да е на работ на анорексија.


Актерката некогаш важеше за вистинска секс – бомба по која мажите ја губеа главата, но во ова издание тешко може да ја оправда таа титула.

Имено, Амбер изгледа сосема непрепознатливо. Убавата актерка изгубила повеќе од 10 килограми, а кога излегува надвор се крие зад големи шешири.

На најновите фотографии кои ги снимиле папараци, актерката изгледа навистина загрижувачки. Во фармерките кои само благодарение на ременот стојат на нејзините колкови и маицата која не успева да сокрие дека под неа има само „коски и кожа“, Амбер предизвика лавина коментари кои се сложуваат дека за помалку од еден месец успеа да стане бледа сенка на убавицата која некогаш беше.

Но, тука не е крајот на маките на Амбер. Имено, покрај разводот и нарушеното здравје, актерката се соочува и со криза во нејзината кариера. Странските медиуми наведуваат дека сите режисери и продуценти ја одбивааат бидејќи е премногу слаба за било која улога.