
Вака навистина изгледа сексапилната „џебна венера“ – пејачката Кајли Миног.
Славната пејачка Кајли Миног сега има 48 години, а некогаш важеше за една од најсексапилните и најпосакувани жени на светот. Секогаш беше максимално дотерана и средена, а ваквите фотографии на кои е во сосема опуштено издание без трошка шминка, се вистинска реткост.

Сепак, и славните жени некогаш заслужуваат „слободен ден“ и можат да си дозволат опуштена модна комбинација и „одмор“ на лицето од шминка.

Да ве потсетиме, Кајли Миног го победи канцерот и на сите луѓе ширум светот им даде надеж дека е можно да се преживее оваа ужасна болест.

48 – годишната пејачка е во врска со актерот Џошуа Сас, со кој неодамна се сврши.
