Дени тврди дека воопшто немал појма што се тоа калории, а како резултат на тоа успеал да се здебели на 140 килограми бидејќи јадел нездрава храна. Меѓутоа, потоа успеал да се „преполови“.
Овој 26-годишник од Канада бил толку дебел што имал проблеми со спиењето и со „силеџиите“ на школо.
– Не знаев ништо за храната, па јадев се` што имаше добар вкус. Всушност, немав појма што се тоа калории. По цел ден јадев нездрава храна. Во еден момент лекарите ме предупредија дека морам да ослабам, воопшто не бев среќен поради тоа, раскажува Дени.
До првата промена дошло откако се вработил и кога колегите го одвеле во теретана.
Тренирал напорно, што му помогнало да формира „ново тело“.
После само 6 месеци, Дени ја спуштил својата килажа на 114 килограми, а сега има неверојатни 76 килограми.
Неговото ново хоби му помогнало да го намали вишокот кожа, кој му останал по големиот губиток на килограми.
– Поради вежбањето успеав просторот некогаш резервиран за масти, да го наполнам со мускули. Иако и натаму имам одреден вишок на кожата на телото, работите не се толку страшни. Сега станав и личен тренер. Навистина уживам да ги мотивирам другите луѓе да го направат она што јас го постигнав, додава Дени.