Тешко е да се одвои време за утринска физичка активност, особено кога имаме многу зафатен распоред од деловни и семејни обврски. Како изгледа вашето утро? Туширање? Кафе? Доручек? Потоа со брзање на работа?
Забавете само 5 минути и одвојте време за оваа вежба. Таа во целост ќе ви го промени животот. Вежбата се вика Поздрав на Сонцето. Тоа е утринска јога рутина од 5 минути, којашто ќе ви помогне да се справите со денот многу лесно. И не само тоа, туку е и многу едноставна. Секој може да ја прави.
Дека станува збор за многу едноставна вежба, ќе се уверите кога ќе го погледнете видеото:
Благодети од „Поздрав на Сонцето“
1. Го обновува нервниот систем
2. Го зајакнува имунолошкиот систем
3. Го подобрува здравјето на белите дробови
4. Го стимулира дигестивниот систем
5. Ги намалува мастите во телото
6. Ја подобрува функцијата на бубрезите
7. Го поттикнува правилното држење на телото
8. Го чисти вашиот ум
9. Ја центрира вашата енергија
10. Совршено ве подготвува за претстојниот ден.