Фудбалерот Рахим Стерлинг се вратил дома откако англиската репрезентација претрпе тежок пораз од Исланд на Европското првенство. Но, се чини дека младиот фудбалер на Манчестер Сити не го поднел тешко поразот.
Тој се вратил во својата луксузна вила, а со неа и со луксузните автомобили се пофалил на Снепчет само неколку часа откако со приватен лет се вратил во родната земја. Видеото го објавил негов пријател, а го превзел таблоидот The Sun.
Стерлинг им се фалел на пријателите со својот раскошен дом, а особено со екстравагантната бања која содржи и сребрена тоалетна школка и мијалник. Најневкусниот дел од собата е сигурно мијалникот, преполн со сјај, накит и светки. Потоа, Стерлинг на пријателите им го покажал и своето приватно кино и личните автомобили.
https://www.youtube.com/watch?v=G_WhDTKpECA