Откако било потврдено дека Златан Ибрахимовиќ следната сезона ќе игра во англиската Премиер лига, бројни британски таблоиди се подготвуваат за доаѓањето на неговата избраничка, една од најатрактивните сопруги на фудбалерите, Хелена Сегер.
Хелена е на добар пат да ги засени сите останати партнерки на фудбалерите кои играат во англиските клубови.
Оваа убава Швеѓанка се занимавала со манекенство, а потоа развила и сопствен бизнис.
Сепак, Хелена се прославила пред сè благодарение на романсата со славниот фудбалер, кого го запознала во 2002. година, за четири години подоцна на свет да го донесе неговиот прв син, Максимилијан. Во 2008. година го добиле и синот Винсент.
Хобијата на Хелена се фитнес, готвење и секако, фудбал. Редовно ги гледа натпреварите на својот славен сопруг од трибините, а така било и на актуелното Европско првенство.
За разлика од повеќето сопруги на фудбалерите, таа не е активна на социјалните мрежи, и не објавува фотографии од својот раскошен живот на Инстаграм.