Како еден од најочекуваните телефони на планетата, Galaxy Note 7 е постојано мета на шпекулации. Решивме да ги сумираме сите на едно место…
Првата главна вест е дека називот нема да биде Note 6, туку Samsung ќе прерипне една бројка и ќе го нарече Galaxy Note 7. Целта на ова е да се изедначи со Galaxy S7, бидејќи корисниците сметаат дека помалиот број означува и послаби спецификации.
Екранот на овој телефон би бил со големина од 5,7 инчи и QuadHD или пак 4K резолуција, за да може да користите уред за виртуелна реалност.
Во внатрешноста ќе го добиеме новиот quad-core Snapdragon 821 чипсет или пак octa-core Exynos 8893 чипсет, надополнети со високи 6GB LPDDR4 RAM меморија. Просторот за складирање на податоци ќе биде со големина од 64, 128 и 256 гигабајти UFS 2.0 меморија, додека пак батеријата ќе биде со големина од 4,000 милиампер часови.
На задната страна се наоѓа 12 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата, додека пак на предната страна ќе добиеме 5 мегапикселна камера со широко-аголна леќа. Финално, телефонот ќе доаѓа со Android 6.0.1 Marshmallow и USB Type-C приклучок.