Камила Алвес е една од најубавите сопруги во светот на шоубизнисот. Нејзината убавина е толку потенцирана што таа често успева да го засени и сопругот Метју Меконахи.
Во фантастична пролетна комбинација, којашто претставува спој од белата и бојата на кајсија, Камила вчеравечер се прошетала по улиците на Њујорк. А реакциите на луѓето покрај коишто поминала Камила, најдобро ни опишуваат колку добро изгледала таа…
Камила и Метју се во брак од 2006-та година и важат за совршен брачен пар.
А брачната идила ја надополнуваат и нивните три дечиња, најстариот син Леви (8), ќерката Вида (5) и синот Ливингстон (4).