На Нов Зеланд очајнички бараат работници: Нудат куќи за сместување и плата од 2.800 евра!

popara6 јули, 20161min02
1

Градче во Нов Зеланд очајнички бара работници, а за потенцијалните вработени има и слободни куќи, меѓутоа градските власти демантираат дека ќе им плаќаат на луѓето за да се преселат.

Малиот град Каитангата во Нов Зеланд има прилично единствен проблем – премногу евтини куќи и работни места, а премалку луѓе кои би ги пополниле.

Локалната заедница покренала проект со кој имаат намера да привлечат население да се досели. Во гратчето денес живеат околу 800 луѓе, имаат основно училиште, кафуле и пицерија, пишува „Би-би-си“.

Властите се надеваат дека ќе привлечат луѓе бидејќи животот во некои други градови, како Аукленд е изразено скап и голема е стапката на невработеност.

Некои од работите во понудата се опишани како феноменални.

Новинарите ги прегледале работите кои се нудат и пронашле работни места во подрачјето на медицината, градежништвото и војската.

Многу рурални подрачја на Нов Зеланд се борат со истиот проблем. Младите луѓе заминуваат во големите градови, а наталитетот е се понизок.

Инаку, според податоците од 2014 година, просечната плата на Нов Зеланд изнесува 2.800 евра.

2 comments

  • Cane Kitanoski

    11 јули, 2016 at 13:03

    Familijaren zena i dve deca se zanimavame so zemjodelije i stocarstvo

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag