Неодамна сите беа изненадени од одлуката на славната пејачка Алиша Кис никогаш повеќе да не користи шминка, а следејќи го нејзиниот пример, многу познати ѕвезди сè повеќе и повеќе објавуваат фотографии без трошка шминка. Тоа го направи и Џеј Ло и ги воодушеви фановите.
Сите тие познати ѕвезди сакаат да се пофалат со природната убавина, а сега им се придружи и една од најсексапилните пејачки на денешницата, латино дивата Џенифер Лопез. Таа во 46-тата година од животот изгледа фантастично и со шминка и без неа, а нејзината фотографија фановите ја дочекаа со одобрување.
„Жено, ти си неверојатно убава и без шминка“, е само еден од илјадниците позитивни коментари на фановите.