Мит 1: Чоколадото изобилува со кофеин
Факт: Точно е дека чоколадото ве подига, но тука нема многу кофеин. Половина табла од 90 грамско млечно чоколадо содржи околу 6 милиграми кофеин, а тоа е исто колку и 250 милилитри чоколадно млеко. Колку за споредба, 250 милилитри кафе, зависно од видот, содржи од 65 до 135 милиграма кофеин.
Мит 2: Чоколадото е богато со заситени масти, па го подига холестеролот
Факт: Повеќе истражувања покажаа дека стеаринската киселина, главна заситена масна киселина во млечното чоколадо, е единствена по тоа што не го подига нивото на холестеролот.
Мит 3: Нема никаква нутритивна вредност
Факт: Чоколадото содржи магнезиум, бакар, железо и цинк, но и полифеноли, антиоксиданти типични за чајот и црното вино, а за кои се верува дека го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести – исто количество има табла млечно чоколадо од 50 грама и чаша од 150 милилитри вино. Уште поздраво е темното чоколадо, коешто изобилува со флавоноиди. Постојат сериозни студии за позитивното дејство на биофлавоноидот, познат уште и под името витамин П.
Факт: Кариесот се создава кога бактериите во усната празнина ја разложуваат било која храна богата со шеќер или скроб, па киселината којашто се произведува полека ја разорува забната глеѓ. Токму спротивно, протеините, калциумот и фосфатите од чоколадото ја штитат забната глеѓ, а поради масниот какао путер, шеќерот од чоколадото останува пократко време во допир со забната глеѓ. Секако, исправното миење на забите е незаменливо.
Мит 5: Предизвикува главоболка
Факт: Долго се сметало дека чоколадото е еден од предизвикувачите на мигрената, но постојат повеќе истражувања коишто ја оспоруваат токму таа врска. Како потврдени предизвикувачи на мигрената се наведуваат кашкавалот, кикиритките, сувомеснатите производи и алкохолот.
Факт: Во последните 20 години токму тоа го порекнаа бројни студии, а сè повеќе дерматолози сметаат дека не постои врска помеѓу исхраната и акните. Единствен виновник за нивната појава се масната кожа и зголеменото ниво на бактерии во организмот.
Факт: Здраво е апсолутно сè, само ако се консумира умерено – токму ова ќе ви го каже секој лекар. Кога ќе изедете табла од 90 грама млечно чоколадо, тоа значи дека сте внеле речиси 500 калории. Па, ако сте на редуктивна диета со внос од 1.200 калории дневно, тоа значи дека веќе сте внеле и повеќе од една третина, а тоа значи дека и тоа може да го консумирате кога сте на диета, единствено само ако во остатокот на денот консумирате нискокалорични намирници. А ако пак посегнувате само по една коцка чоколадо – што е еквивалентно на отприлика 20 калории, секако не треба да чувствувате грижа на совест…