Ова е новата банкнота од 50 евра: Ќе биде невозможно да се фалсификува!

popara7 јули, 20161min00
Ова е новата банкнота од 50 евра: Ќе биде невозможно да се фалсификува!

Европската централна банка ја претстави деновиве новата банкнота од 50 евра, која би требало да ја замени најчесто фалсификуваната банкнота.

Новата банкнота, со портрет на богињата Европа, лик од грчката митологија, има подобрени безбедносни карактеристики и прозор кој станува транспарентен кога ќе се насочи кон светлина, а ќе биде пуштена во оптек во април 2017 година.

Секоја банкнота ќе има животен век од четири години и нејзината изработка ќе изнесува помеѓу шест и десет евроценти.

Користењето на апоените од 50 евра се зголеми за четири пати изминативе 15 години, при што моментално во оптек се повеќе од 8,5 милијарди од тие банкноти, што укажува на стабилен раст на користење готовина во земји како што се Германија и Австрија, каде многумина потрошувачи не користат електронски начин на плаќање, кој властите можат лесно да го следат.