Кога изневерувањето стана сосема нормална и прифатлива работа?

popara9 јули, 20161min00
16

Некои мажи лесно влетуваат во авантури со други жени надвор од бракот, а некои жени излегуваат со своите пријателки, флертувајќи и кокетирајќи со други мажи, криејќи го фактот дека се во врска или брак и ги задржуваат тие контакти за во случај да сакаат малку забава.

Звучи познато?

Сигурно и вие познавате некои луѓе, во врска или брак, кои ги изневеруваат своите партнери.

Најлошото од се е што се ова изгледа дека станува се поприфатливо и никој повеќе не е изненаден кога ќе дознае дека некои луѓе се неверни.

Ова е навистина разочарувачки и поразителен факт.

Додека растеме, мислиме дека љубовта е бајка. Нашите родители се запознале, се заљубиле, се венчале и не создале нас.

Потоа, кога ќе почнеме да навлегуваме во светот на возрасните, откриваме дека љубовта и романсите имаат многу сиви полиња.

Изневерувањето вклучува и кокетни пораки кон други личности, плеткање со други во некој ноќен клуб и секс со проститутки. Постои и емотивно изневерување, а тоа се случува најчесто кога едната личност е во врска поради сигурност, додека нејзиното срце припаѓа на некој друг.

Кога стана прифатливо да се изневерува?

Можеби кога сите почнаа да го прават тоа.

Ако на сите им е забавно да изневеруваат, тогаш тоа сигурно не е страшно, нели? Само еднаш се живее, па најдобро е да се биде со повеќе партнери. Да се спие со една личност цела живот? Тоа е безврска. Или така велат повеќето.

Можеби е во ред да се изневерува ако човек е несреќен во врска.

Ви здосадило. Или така ви дошло. Или партнерот тајно излегува за да се најде со некого. Тогаш не е погрешно и вие да згрешите. ПОГРЕШНО!

Можеби е во ред да се изневерува затоа што другата страна никогаш нема да дознае.

Подобро е да се живее во незнаење, нели? Она што другата личност не го знае, не може да ја повреди. Некои работи подобро е да се премолчат. Тоа и онака беше само бакнеж. Или безопасно разменување на секси слики. Тоа беше забавен флерт. И тоа беше само за една вечер.

Можеби…. Стоп. Застанете. Престанете со изговорите. Не, едноставно не. НИКОГАШ НЕ Е ВО РЕД ДА ИЗНЕВЕРУВАТЕ!

Не сте изневериле заради алкохолот. Не е во ред да изневерувате само затоа што и другите го прават тоа. Вашето лошо расудување не може да ви биде алиби. Лошата одлука која е донесена заради импулсивност, не значи дека ќе исчезне.

Дури и тоа што сте несреќни во врската не значи дека е во ред да изневерувате. Несреќата не е изговор за лажење.

Љубовта може да биде комплицирана. Како и неверството. Ако треба да се оправдувате за изневерувањето – не го сакате вашиот партнер. Ако сте несреќни, раскинете и на личноста со којашто сте во врска. Ќе биде болно, но ќе го надмине раскинувањето. Ако мислите дека тоа што го правите е само секс или безопасна забава – се лажете самите себе.

Ако сакате да одите наоколу и да се забавувате, да флертувате и да имате авантури, погрижете се дека патот ви е слободен и дека вие не сте во врска и дека нема да повредите некого со вашите авантури. Во спротивно ќе направите голема штета и на вашиот партнер и на самите себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag