Откако пред неколку месеци повика на единство на екстремистичките организации во Сирија, синот на Осама бин Ладен во нова аудио порака најави освета за САД…
Во 21-минутната снимка насловена „Сите ние сме Осама“ која ја објави Ал Каеда, Хамза бин Ладен (23) вети продолжение на глобалната борба на таа терористичка група против САД, пишува Индепендент.
– Ќе продолжиме да напаѓаме во вашата земја и надвор од неа како одговор на вашата агресија против Палестина, Авганистан, Сирија, Ирак, Јемен, Сомалија и останатите муслимански земји кои не ја преживеале вашата агресија, рекол 23-годишниот син на најпознатиот терорист во историјата.
Потсетуваме, Осама бин Ладен е убиен во Пакистан 2011 година. Тогаш се пронајдени документи според кои Осама сакал да биде покрај својот син кој тогаш бил во домашен притвор во Иран.
Хамза, пак е многу важен за Ал Каеда чија хиреархија е се` постара, а тој претставува нов глас кој, се надеваат, ќе привлече многу млади екстремисти поради тоа што ќе идентификуваат со славниот татко.