
Северина преку социјалните мрежи повторно ги почести своите фанови со жешки фотографии на кои во прден план е нејзиното деколте.

Навикнати сме да ја гледаме во секси изданија, но ова е едно од најсексапилните што сме ги виделе од неа во последно време. Облечена во латекс фустан со прорез на градите, Северина ги истакна своите атрибути додека позираше за секси селфи со новата боја на коса. Инаку, таа наголемо работи на својот нов сингл Силикони, на кој и прави друштво Сајси ЕмСи, а за новиот хит снима и спот во кој се појавува актерката Сека Саблиќ.

Па, дали ви се допаѓа Севе во ова издание?