
Новак и Јелена Ѓоковиќ прославија 2 години откако се во брак, а најдобриот светски тенисер уште еднаш докажа дека е романтичар.

Новак и Јелена пред 2 години се венчаа на Свети Стефан, а како круна на љубовта го добија синчето Стефан.

Годишнината од бракот се планира да ја одбележат во Монако, на романтична вечера на која ќе присуствуваат само најблиските пријатели и роднините.
Ѓоковиќ ја искористи шансата да честита со кратка, но емотивна љубовна порака:
„Никогаш не се сомневав дека јас и ти ќе бидеме засекогаш во љубов. Благословен сум што те имам во животот.“