Бијонсе и Џеј Зи повторно го зазедоа тронот!

popara12 јули, 20161min00
16

Бијонсе и Џеј Зи повторно го зазедоа тронот. Со заработка од 107,5 милиони долари, 34-годишната пејачка и 46-годишниот рапер застанаа на врвот на листата на холивудски парови со најголема заработка на Forbes.

Познатото списание ја изготви листата според приходите на славните лица од јуни минатата година до јуни оваа година.

Бијонсе и Џеј Зи

Во изминатиот период, Бијонсе го зголеми своето богатство за 54 милиони долари. Голем дел од заработката доаѓа од нејзиниот албум „Lemonade“, како и од 19 концерти од нејзината турнеја „Formation“.

За останатиот дел од 53,5 милиони долари е заслужен Џеј Зи. Неговата сметка се зголемува благодарение на неговиот бренд за шампањ „Armand de Brignac“, брендот за коњак „D’Ussé“, како и компанијата „Roc Nation“ која ја основа во 2008 година.

Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи Бијонсе и Џеј Зи

Минатата година на врвот на листата застанаа Тејлор Свифт и Калвин Харис, но нивната љубовна врска заврши пред нешто повеќе од еден месец. Доколку останеа во врска, Свифт и Харис ќе беа убедливо најплатениот пар.