
Тоа била огромна трагедија за ова семејство! Стефани Вајт била во куќата со своите деца. Нејзината 14-месечна ќерка Камил незабележано излегла од соба и отползала до градината, каде, за жал, се удавила во базен.
За секое семејство, ова е неподнослива загуба. Но, наместо да жалат за нејзината смрт, тие одлучиле да го слават нејзиниот живот!
Оваа година, би бил прославен нејзиниот деветти роденден, но наместо тоа, по осми пат ќе биде прославен нејзиниот живот!
– Нејзиниот роденден е еден од деновите, кога не сакам да тагувам, туку да прославам што Камил беше дел од мојот живот, рекла нејзината мајка.
Членовите на семејството на Камил ги споделуваат нејзините фотографии на социјалните мрежи со една молба: На нејзиниот роденден сакале да направат нешто целосно несебично.
Традицијата брзо се раширила и станала вирален феномен. Без оглед колку мала, секоја акција е важна, вели мајката Стефани. Пуштале балони, се сликале заедно со фотографијата на Камил…
– Тоа го грее моето срце и чувствувам дека има своја цел, вели мајката.
– Ме исполнува чувството дека таа се уште е тука некаде, околу нас…
Погледнете ја оваа трогателна приказна: