6 одлики на жената која е вистински магнет за спротивниот пол

popara14 јули, 20161min00
7

Навистина е тешко да дознаете што мислат мажите, бидејќи секој поединец има сопствена перспектива за животот и за тоа како треба да се одвиваат нештата.

Сепак, голем број студии покажале дека постојат одредени карактеристики на жените, кои мажите ги сметаат за неверојатно привлечни.

Ако веднаш помисливте дека тоа е убавината, се лажете, постојат многу други карактеристики кои мажите ги гледаат во вас, а вие воопшто не сте свесни за тоа.

Ова се дел од нив:

1. Пријателство

Поголемиот број од мажите сакаат да можат да разговараат со својата партнерка буквално за сè, од најголемите проблеми и ситуации кои им се чинат безизлезни и им е потребна нејзината поддршка, до сите ситници кои им се случиле во текот на денот. Оваа особина им е особено неодолива заради тоа што знаат дека на таквата жена можат безусловно да ѝ веруваат.

2. Независност

Независната жена е вистински магнет за мажите. Независноста не се однесува само на финансиите (макар што тие немаат ништо против тоа), туку на она што жената го сака во животот. Жените кои имаат свое хоби и афинитети и кои не тргнуваат по партнерот само затоа што тој рекол така, тие жени се оние кои секогаш имаат предност кај мажите.

3. Опуштеност

Поголемиот дел од мажите има тенденција да реагира лошо кога ќе бидат ставени под притисок. Тие не сакаат да бидат присилени да прават работи кои не сакаат да ги прават.

Пораките и јавувањата на секој половина час се секако една од работите која воопшто не им се допаѓа. Тие во својата партнерка бараат личност која ќе биде опуштена и која нема да ги присилува на работи кои не ги сакаат.

4. Еднаквост

Факт е дека многу „нормални“ мажи веруваат дека ја почитуваат еднаквоста меѓу половите. Веќе не живееме во време кога жените мора да бидат дома и да се грижат за домот и децата.

Жената која верува дека е еднаква на мажот е всушност и вистински магнет за него. Таквата жена им дава до знаење на мажите дека е космополит, дека е образована и дека нема да трпи никаква неправда и потценување.

5. Мудрост

Поголемиот број од мажите сметаат дека паметните жени се многу привлечни. Зошто? Бидејќи тоа се зрели жени кои знаат што сакаат и го кажуваат тоа што го мислат. Освен тоа, зрелоста ви помага да се однесувате мирно и мудро, дури и во непријатните ситуации, без премногу да драматизирате.

Ваквите жени ќе реагираат кога ќе забележат лошо однесување и јасно ќе дадат до знаење дека тоа не им се допаѓа, бидејќи сакаат да ги променат работите на подобро.

6. Култура

Онолку колку што вие не сакате некултурен, груб маж, толку и нив им се допаѓаат жените без манири. Таквите жени за поголемиот број мажи се одбивни. Жените кои знаат како треба да се однесуваат и имаат манири се нешто кое мажите веднаш го забележуваат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag