Откриена најстрого чуваната тајна на Хитлер – цело време му била во гаќите

popara16 јули, 20161min00
11

Долго време постои сомневање дека Хитлеровото освојување на Европа, всушност било негов обид да ги надомести недостатоците на некои други места.

Сепак, навредливата песна за неговите тестиси изгледа раскажува само половина од приказната, затоа што судејќи според историчарите Џонатан Мејо и Еми Крејг, нацистичкиот водач имал – микропенис.

Хитлер пател од состојба која се нарекува хипоспадија, поради која има екстремно мала машкост.

Џонатан и Ема во нивната книга „Последниот ден на Хитлер: Од минута во минута“, наведуваат дека откриле медицинска документација која потврдува дека Фирерот имал непријатен деформитет.

Состојбата е толку сериозна, што мочниот меур на оние кои ја имаат се наоѓа на дното, а не на врвот од пенисот.

„Хитлер имал две форми на генитална абнормалност: неразвиен тестис и хипоспадија“, раскажуваат историчарите.

Ваквото откритие може да понуди некои нови објаснувања зошто Хитлер се плашел да биде виден гол, како и зошто пател од напади на бес.

Исто така, ова ќе влијае и на расправата за неговиот сексуален живот (или недостаток на истиот), кој и порано беше тема на многу дебати.

Во биографијата на Хитлер, британскиот историчар Јан Кершоу вели дека нацистичкиот водач одбивал сексуални контакти од било каков вид, затоа што се плашел од инфекции.

Сепак, постојат докази за низа романтични состаноци со различни жени, меѓу кои и со неговата љубовница Ева Браун, со која на 30 април 1945 година изврши самоубиство.

Личниот доктор на Хитлер, Теодор Морел, исто така вели дека на Фирерот му била дијагностицирана хипоспадија, поради што му препишал хормони и амфетамини во обидот да го подобри неговиот сексуален живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag