Во последно време многу млади девојки се во потрага по спонзор кој ќе им ја плати школарината, патувањата и скапоцените чанти од познати дизајнерски имиња. Но, привилегиите имаат и своја цена… Не заборавајте го тоа. Никогаш порано немаше толку девојки кои во својот избор за дечко ја впишуваат и ставката: Да има кеш.
22-годишната Линда има „фантастичен“ дечко, за кој многу од девојките и љубоморат. Таа не престанува да зборува за феноменалната врска со Марк, згодниот 36-годишен доктор, кој ги поминува викендите со неа во хармонија и нема страв од врзување во моногамна врска.
Што е она што другите девојки не го знаат? Врската на Линда започнала со „препорака“ од нејзината другарка која е во сличен фазон. Другарката и ја открила предноста на забавувањето со постар маж со полн џеб.
„Финансирањето на образованието, кога немате помош од родителите, може да биде приличен предизвик. Затоа и дојдов во искушение дечкото да го избирам имајќи ги во предвид неговите финансии. Знам дека некои ќе ме окарактеризираат како ваква или онаква. Но, во денешно време се некако се гледа низ призмата на пари“, го објаснува Линда својот избор.
Таа и нејзините другарки излегувањето со спонзори не го гледаат како проституција, затоа што спие „само со мажи кои и се привлечни“.
„Со останатите, освен со Марк и уште еден маж, во стартот беа присутни недвосмислени сексуални очекувања, а иронијата е во тоа што единствено спиев баш со Марк и тој другиот. Со еден маж отидов дури на тридневно патување, но не почувствував привлечност и меѓу нас ништо не се случи, па тој ми раскина кога се вративме“, раскажува Линда.
Може да биде опасно
Линда не е единствената девојка која одбрала да стане таканаречена бејби спонзоруша. Во Америка постојат сајтови кои се занимаваат со спојување на млади девојки со богати мажи. Најистакнат е SeekingArrangement.com, на кој во минатата година е забележан пораст во бројот на нови корисници за 58 отсто, а 44 отсто од бејби спонзорушите кои нашле дечко на овој начин, се запишале на колеџ. SeekingArrangement.com не е единственото име во играта, бидејќи тука се и конкурентите SuggarDaddyFor.Me.com, Mutual Arrangements.com и многу други сајтови кои ветуваат „сигурни играчи“.
Покрај се повисоките студентски кредите и очајниот пазар на труд за милениумците (генерациите родени од 80-те наваму), размената на времето и интимноста за пари, можеби на младите не им делува толку незамисливо како на повозрасните генерации. Но, со тоа доаѓаат и ризици, како физички, така и психолошки. Во 2011 година судија од Флорида осуди маж на казна доживотен затвор поради силување и закана со нож на 22-годишна девојка која ја запознал преку вакви сајтови.
Ема, 21-годишна американска студентка, целосно е искрена кон пријателите и членовите на семејството во врска со излегувањето со спонзори и открива дека и самата се нашла во застрашувачка ситуација.
„Со месеци разговарав со еден маж од Беверли Хилс и му реков дека не ми е пријатно да спијам со некого на првата средба. Тој одговори: во ред, сакам само друштво и ми купи карта да одлетам кај него. Но, кога стигнав таму, се обиде да ме присили на сексуален однос и одбиваше да го прифати моето Не. Си заминав порано и никогаш повеќе не разговарав со него. Бев сама, ранлива и на друг крај од државата, далеку од дома. Се запрашав што ќе се случеше ако не успеав да одржам контрола над ситуацијата“, раскажува таа.
Ема прв пат се приклучила на еден од ваквите сајтови пред две години, по болното прекинување на врската со нејзиното момче кој ја изневерил, а со кој и живеела. Ја оставил со скршено срце и во долгови.
Сега, ако со некого почувствува близина, му го дава својот број на телефон, разменуваат пораки, а потоа разговараат преку Скајп, пред да се согласи на состанок. Обично таа патува во градот во кој мажот живее. Покрај пари за образование, тој и купува брендирани чанти и чевли, нова гардероба, надградба на косата секој месец, која чини 500 долари, сеанси во солариум и ја плаќа нејзината телефонска сметка.
Пред првата средба, таа ги кажува своите услови, со образложение колку пари сака да потроши во текот на викендот кој ќе го поминат заедно (најчесто, тоа е 1.000 долари, но неодамна еден маж ја изненадил со 3.000 долари).
„Овие мажи го купуваат моето друштво, а не само сексот. Некогаш им е потребен некој со кого ќе можат да разговараат. А зошто да не бидам интимна со некој, ако почувствувам близина? Јас не сум проститутка. Не спијам со мажи кои не ме привлекуваат, ова е повеќе како врска“, заклучува Ема.