Најголем број од нив утеха бараат во дружење со пријателите, додека 14 отсто утехата ја наоѓаат во попатен секс, како еден вид одмазда кон својата бивша девојка.
Можеби не ја убиваат тагата со омилен сладолед и серија, но признаваат дека и тие патат.
Изненадувачки податоци доаѓаат од Велика Британија, каде што онлајн сајтот за состаноци „Elite Singles“ спровел истражување во кое 25 отсто повеќе мажи од жени признале дека пателе после раскинувањето.
Па што прават за да го преболат раскинувањето? Кажи- речи, исто што и жените.
Најголем број до нив утеха бараат во пријателите и дружењето со нив (61 отсто, во споредба со 76 отсто жени), а другите злобно се фрлаат на работа (41 отсто во споредба со 44 отсто жени).
24 отсто од мажите се честат себе си со нешто ново, а 15 отсто утеха бараат во храната. Најмногу изненадува податокот дека само 14 отсто утеха наоѓаат во попатен секс, како еден вид одмазда кон бившата девојка, што значи дека или лажат или дека ние имаме погрешна слика за нив.
Меѓутоа, некаде мора да постои разлика. И постои, а тоа е во дефинирањето на тагата после раскинувањето.
Мажите не сакаат тоа да го нарекуваат тага, ниту да признаат дека повременото уживање во сладолед е еден од знаците на „топење“ на тагата.