Односите меѓу Џиџи Хадид и Зејн Малик се подобруваат, а новите папараци фотографии се доказ за тоа. На нив, славниот пар изгледа заљубено и среќно додека излегува на прошетка во Њујорк.
На почетокот од јуни, релевантните странски медиуми објавија дека 21-годишната манекенка и 23-годишниот музичар раскинале, но извори блиски на парот потврдија дека тоа се случувало и претходно и дека тие секогаш се смирувале.
„Зејн и Џиџи навистина раскинаа, но има шанси тие да се смират утре. Многу е нејасно тоа што се случува меѓу нив. Тие во изминатиот период имаа проблеми со комуникацијата и разбирањето“ – изјавил изворот за E! News.
Парот беше фотографиран заедно и на почетокот на месецот, а Џиџи сподели на Instagram фотографија на која го бакнува своето момче.
Џиџи и Зејн се во врска од ноември минатата година. Претходно, познатиот модел беше во врска со пејачот Џо Џонас, а поранешниот пејач на One Direction две години беше свршен со Пери Едвардс.