Оваа навика преставува само една мала промена во вашето секојдневие, а може да направи вистинско чудо за вашето здравје.
Се што треба да направите е кога ќе станете наутро, и откако најпрво добро ќе се истегнете, направете и испијте едена чаша топла вода со една лажичка лимонов сок, кој задолжително кора да биде природно исцеден.
Антиканцерно дејство
Бидејќи е богат со антиоксиданси, овој пијалак го намалува ризикот од канцерогени болести. Интересно е тоа што и покрај неговата киселост лимонот во организмот создава базна средина која што е многу важна за здрав организам.
Ја чисти кожата
Ако сакате да имате чист, нежен и убав тен, не откажувајте се од овој рецепт. Антиоксиданси кои се наоѓаат во лимонот помагаат за регенерација на ќелиите како и во борбата против слободните радикали, особено во летниот период.
Го прочистува црниот дроб
Овој пијалак го прочистува и еден од најважните органи, го стимулира дигестивниот тракт и ја подобрува работата на цревната флора.
Енергија
Верувале или не, но една шолја со топла вода со лимон ќе ве разбуди подобро и побрзо од кафето, и секако претставува многу поздрава варијанта. Сепак, ако не сакате да се откажете од вашиот утрински ритал со кафето, испијте го барем еден час по енергетското будење со сок од лимон и топла вода.
Метаболизам
Познато е дека лимонот е природен диуретик и помага во исфрлањето вишок течности од организмот. Веќе споменавме дека ја поттикнува и работата на цревата и токму затоа претставува идеален пијалак за започнување на денот.