На пазарот постојат низа различни препарати за слабеење кои во главно не се природни, не се доволно испитани или не ги даваат саканите резултати.
Доколку сакате да ослабите најдобро ќе биде да користите природна „помош“, која нема да му штети на вашиот организам. Направени се две чајни мешавини кои можат да ви помогнат да ослабите. Во комбинација со здрава исхрана (на пример хроно исхрана) и редовна физичка активност можете да симнете дури 7 килограми за 7 дена, секако во зависност од вишокот, возраста, полот и сл.
Сите состојки се природни и можат да се набават на пример во билна аптека.
Рецепт за чај 1
Потребни состојки:
– 40 гр. врбина кора
– 40 гр. бозел
– 40 гр. липа
– 40 гр. матичњак
– 40 гр. коприва
Ставете ги сите состојки во стаклена тегла и убаво измешајте. За подготовка на чајот треба 1 лажица од оваа мешавина да се прелие со 3 децилитри врела вода, да се поклопи и да се остави да отстои околу 20 минути. Потоа се процедува и се пие 3 пати на ден, пред јадење. Чајот можете да го пиете 10 до 20 дена во континуитет, а потоа да направите пауза барем една недела и ќе изгубите 7 килограми за 7 дена.
Рецепт за чај 2
Потребни состојки:
– 40 гр. листови од жалфија
– 40 гр. коњско опавче
– 40 гр. листови од пелин
Ставете ги сите состојки во стаклена тегла и убаво измешајте. За подготовка на чајот треба 1 лажица од оваа мешавина да се прелие со 3 децилитри врела вода, да се поклопи и да се остави да отстои околу 20 минути до половина час. Потоа се процедува и се пие 3 пати на ден, кога сакате, независно од оброците. Чајот ќе ви помогне да изгубите 7 килограми за 7 дена.