
Хирург аматер од Австралија признал дека му го отстранил левиот тестис на маж кој не можел да си дозволи болничко лекување.
Педесет и шестгодишниот Алан Џорџ Метјус признал дека извршил операција „без дозвола на надлежните власти“ во мотел во местото Пор Масквери северно од Сиднеј, во сојузната држава Нов Јужен Велс.
Во полицијата велат дека 52-годишниот пациент на интернет „побарал помош во решавањето на медицинскиот проблем“. BBC News наведува дека со години пател откако во „незгодното место“ го удрил коњ.
Локалниот портал Fairfax Media, пак, објави дека мажот немал пари за да бара соодветна медицинска помош, па побарал „алтернативни решенија“. Засега не е познато дали тој знаел дека Метјуз немал никакви медицински квалификаци.
Полицијата за случајот кој се одиграл кон средината на мај дознала кога пациентот дополнително дошол во болница со инфицирана рана. Потоа „лекарот“ Метјус бил уапсен, а при претресот е откриена хируршка опрема и четири шишиња со амил нитрат, хемикалија којашто најверојатно ја употребил како анестетик.
Но покрај медицинската опрема од наводниот лекар биле запленети и седум парчиња огнено оружје, за што е обвинет и за недозволено поседување оружје.