И на 52 години Ел Мекфирсон привлекува со згодната фигура

popara19 јули, 20161min00
2

Ел Мекфирсон со години е позната како „Телото“, а јасно е и зошто. Славната Австралијка чекори низ шестата деценија од својот живот, но нејзиниот изглед ни оддалеку не ја рефлектира нејзината возраст.

52-годишиот супермодел беше меѓу гостите на забава во Хемптонс, а фотографиите од настанот повторно поттикнаа многу коментари за нејзината фигура.

Ел Мекфирсон

Облечена во проѕирен фустан од Емилио Пучи, Ел мамеше погледи.

Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон

Во неодамнешно интервју, Ел сподели дека вежба шест пати неделно, но не се потпира на интензивни тренинзи во сала. „Сакам да трчам низ Централ Парк. Прекрасно е во ова време од годината. Сега имам поедноставна и понежна рутина. Преферирам да не одам во фитнес сала. Наместо тоа, издвојувам 45 минути од денот за спортување надвор, а тоа е лесно во Мајами. Кога патувам, обично одам на трчање или пливам“ – вели таа.

Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон Ел Мекфирсон

Минатиот месец Ел беше фотографирана на моден настан на Мајкл Корс во Лондон.

Ел Мекфирсон