
Неверојатна приказна за Хо Ван Ланг!

Неговиот татко поради војната во Виетнам го однел во џунглата во која поминале 41 година без допир со цивилизацијата.
Тие преживеале благодарение на овошјето и одгледувањето пченка, а во својата исхрана многу често јаделе и глувци. Живееле во дрвена колиба подигната пет метри над земјата, а во џунглата се населиле откако за време на војната, неговиот татко во експлозија од мина ја загубил сопругата и двајца синови. Неверојатната приказна за овој современ Тарзан е откриена во 2013 година и од тогаш тој започнува со нов живот адаптирајќи се надвор од џунглата. Сега живеат во мала куќичка во близина на шумата, но неодамна се вратиле во џунглата со фотографот Алвар Церез и за потребите за снимање на ова фантастично видео.