Пред неколку години, д-р Константин Котротков, професор по информатика, компјутерски науки и биофизика на Државен универзитет за информатички технологии во Санкт Петербург,успеал да ги сними промените во човечкото тело во моментот на смртта.
Неговиот тим и тој лично докажале дека енергетска форма тогаш го напушта телото, и Коротков се осмелил да ја нарече човечка душа, која, тврди рускиот научник, ја надминува смртта и повторно се раѓа во ново тело во следниот живот. Иако официјалната наука недвосмислено ги негира ваквите тврдења, експериментите на д-р Котротков за прв пат во историјата успеале окултното да го приближат до емпириското. Значи, ако реинкарнацијата сепак постои, дознајте што, според верувањата на претците, сте биле некогаш.
Трагачи по среќа (сите родени во 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017)
Доколку сте родени во некоја од горенаведените години, во минатиот живот сте биле цар, крал, владетел или припадник на високото благородништвото. Во сегашноста просперитетот постојано ви бега. Во втората половина на животот ќе имате повеќе среќа и на крајот – ќе бидете задоволни со судбината. Страсно го љубите спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња сте во потрага по среќа и длабоки задоволства. Склони сте кон депресија. Следниот живот ќе го поминете во планините како пустиник или екстремен спортист.
Романописци (сите родени во 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016)
Во предминатиот живот сте биле син на демон, а во минатиот пак, канибал. Сте поминале многу време скитајќи низ световите. Затоа голема е веројатноста во овој живот да бидете писател на научнофантастични или хорор роман. Имате силна харизма и би можеле да станете политичар, говорник или презентер. Зборувате малку, но остро и поради вашите необично погледи на свет често ќе се среќавате со завист, љубомора и омраза. Во иднина, во паралелниот универзум, ќе бидете дух или привидение, а во овој – монах.
Уметници (сите родени во 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015)
Во некој од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјадници луѓе, а потоа канибал и, конечно, слон. Во сегашноста, никогаш не ви се доста пари, моќ, слава, богатство… Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку бракови. Пазете се од луѓето што сте ги понижувале, во некој следен живот тие би можеле да се збогатат многу и да ви се одмаздат. Во некој од следните животи ќе биде уметник.
Љубовници (сите родени во 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005 и 2014 година)
Во минатиот живот сте биле конкубина на император. Во овој живот сега често ќе се чувствувате како робинка на љубовта. Издржувате големи жртви за партнерот. Сигурен пријател сте и искрена, добра личност. Сепак, склони сте кон негативна перцепција на реалноста, па затоа понекогаш сте толку цинични или зајадливи. Во следната реинкарнација ќе бидете фотомодел.
Научници (сите родени во 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004 и 2013 година)
Во секоја претходната инкарнација сте владееле со големо знаење, а среќата ве чекала во земјата во која сте биле родени. Во моментов пред вас се огромни успеси во областа на науката или во некоја интелектуална дејност. Ретко сте задоволни со резултатите од вашата работа, бидејќи сте перфекционисти, ама затоа несебично им помагате на другите да постигнат успех. Во следниот живот ќе бидете принц/еза.
Астролози (сите родени во 1922, 1931, 1940, 1949, 1958, 1967, 1976, 1985, 1994, 2003, 2012)
Обдарени со силен ум и интуиција, некогаш сте биле астролог, волшебник или шаман. Во овој живот ќе имате многу пријатели и љубовници. Добри сте кон другите, а за возврат добивате неблагодарност. Вашиот настап е одбивен, ама затоа вашата душа е чиста. Тешко одржувате сериозни односи, а лесно влетувате во авантури. Вашите случајни предвидувања се точни. Ќе бидете голем научник или астролог во следниот живот.
Монаси (сите родени во 1921, 1930, 1939, 1948, 1957, 1966, 1975, 1984, 1993, 2002, 2011)
Сте биле или полубог или суров планински дух. Оттука во вас имало лутина и агресивност. Сега ќе добиете сè што сакате, вклучувајќи ја и власта којашто ќе ја изгубите поради предавство. Секогаш ќе имате сила она што еднаш сте го имале да го постигнете повторно. За вас е карактеристична тенденцијата да ја менувате традицијата, да ги рушите правилата и да ги придвижувате границите. Во следниот живот ќе биде монах, аскет кој цврсто се држи за правилата.
Вајари (сите родени во 1920, 1929, 1938, 1947, 1956, 1965, 1974, 1983, 1992, 2001 и 2010 година)
Во минатото сте биле варварин-војник, а потоа сте се родиле како уметник. Во сегашниот живот сте омилени во друштво на богатите и моќните, па помошта ви доаѓа од сите страни. Имате добро здравје. И кога се разболувате, оздравувате брзо. Дури и вашите лоши дела немаат сила да предизвикаат казна. Боговите секогаш стануваат во ваша заштита. Многу сте интелигентни и талентирани. Во следната реинкарнација ќе бидете вајар или духовно лице.
Исцелители (сите родени во 1919, 1928, 1937, 1946, 1955, 1964, 1973, 1982, 1991, 2000, 2009)
Во животот пред овој сте биле дете-божество на медицината. Затоа, во овој живот мора да бидете лекар или некој кој им помага на другите. Ако ја следите својата судбина, животот ќе ве награди со благосостојба; ако бегате од обврските дадени од Небесата, пријателите ќе се свртат против вас. И богатството ќе бега од вас. Ако бидете во согласност со судбината, повторно ќе се родите како покровител на исцелувањето во идниот живот.