Бизнис магнатот и кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп има пет деца со своите три сопруги, од кои најмладиот Барон од бракот со Меланија, има 10 години.
Постарата ќерка Иванка, која со браќата Доналд Џуниор и Ерик се деца од неговиот прв брак со Ивана, веќе добро е позната на јавноста. Таа е десна рака на својот татко и најверојатно ќе наследи голем дел од неговите бизниси.
Помладата ќерка, пак, е Тифани Трамп, крстена по најпознатата продавница за накит во светот, а се наоѓа во една од кулите изградени од Трамп, е плод на љубовта меѓу Доналд и Марла Мејплс. Некогаш љубовница на бизнисменот, подоцна и втора сопруга, Марла е најдобра пријателка со својата ќерка.
И Доналд е многу горд на Тифани, која е прва во генерацијата на Универзитетот во Пенсилванија и вели дека е вистински победник како него.
Сепак, 22-годишната Тифани сака и да се забавува, таа е една од оние омразени „Богати деца на Инстаграм“ и има пејачки амбиции.
Беше практикант во „Вог“ и сака да се изразува само литературно, за што често ја задеваат и велат дека зборува како аристократка од педесеттите години.